Познатата актерка Памела Андерсон отворено проговори за врската со нејзиниот колега Лиам Нисон, со кого глуми во филмот „Голиот пиштол“ и хемијата што постои меѓу нив.
Љубовната врска меѓу Памела Андерсон и Лиам Нисон позитивно ги изненади нивните обожаватели, а актерскиот пар е коментиран низ целиот свет како исклучителен спој, особено затоа што љубовта се случи во нејзината седма и неговата осма деценија од животот.
Тие станаа омилени преку ноќ, а поранешната секс бомба отворено проговори за нивната врска и хемијата што ја имаат.
Извори тврдат дека тие се во врска веќе некое време, а се појавија заедно на промоциите на новиот филм „Голиот пиштол“, кога разменија нежности на црвениот тепих пред целиот свет.
Памела во интервју за списанието „OK!“ раскажа како била многу нервозна пред снимањето, а Лиам знаел како да ја смири и ја изненадил со својот грижлив и топол пристап.
„Тој е вистински господин, прекрасен е, несебичен и ме поддржуваше цело време. Толку е внимателен што едноставно не можете, а да не се заљубите во него“, рекла актерката, која тврди дека имаат посебна хемија.
„Зад камерата, тој може да биде вистински шегаџија, го има тој момчешки хумор. На снимањето бевме претежно сериозни, но за време на пробите често се смеевме и се шегувавме“, рекла таа.
Дека Лиам е стар романтичар и господин е потврдено и од медиумските извештаи – дека тој редовно ѝ испраќа цвеќе, дека поминува време со неа, нејзините синови и кучиња, и дека најмногу сака да поминува време со неа во Канада, каде што можат да бидат сосема сами и да уживаат во мирна средина.
„Пем готви и работи во дворот, што е едноставно и не е толку типично за познатите холивудски ѕвезди, а на Лиам навистина му се допаѓа. Дури и самиот ѝ помага со тоа“, открил изворот.