Печурки во тава

Потревни состојки:

400 г свежи печурки
1-2 кромида
250 г кашкавал
2 лажици масло за готвење
1 лажичка сол
½ лажичка црн пипер
1 лажичка брашно
30 г путер
120 г павлака за готвење (со висок процент на масленост)

Начин на подготовка:

Печурките исчистете ги и исечкајте ги на парченца. И кромидот исечкајте го на ситни парченца. Кашкавалот изрендајте го. На тава за пржење, загрејте масло и запржете го исечканиот кромид. Посолете и пржете се додека не се карамелизира кромидот. Во тавата додадете ги исечканите печурки и динстајте ги околу 8 минути. Додадете лажичка црн пипер и тргнете ги од оган. Во друг сад, на оган, ставете лажица брашно и запржете го. Додадете путер притоа константно мешајќи. Додадете ја и павлаката и мешајте додека малку не се згусне. Печурките префрлете ги во огноотпорен сад за готвење. Одозгора прелијте со претходно подготвениот сос и наросете со рендан кашкавал. Печете на 200 степени се додека површинскиот слој не добие златно кафена боја. Сервирајте топли во комбинација со зеленчук, тестени или месо.

Scroll to Top