Пет дена новогодишен музички базар во Крива Паланка со Лозано, ДНК, Слаткар и „Дајте музика“

Забава со македонска музика на овогодинешниот новогодишен базар во Крива Паланка. Музичката програма е наменета и за воразнисте и за најмалите.  Детските забави ќе почнуваат напладне од 12 часот, додека вечерните журки од 19.

Првата журка ќе се случи утре кога е закажан настапот на „Тајфата“, а веднаш по нив ДНК. В среда се  „Браво бенд“, а по нив е закажан настапот на Слаткар. Четврток е резервиран за „Артист бенд“ и Лозано. Во петок концерт ќе одржат „Дајте музика“, Дарко Ѓурчиновски Жонглер. Истот ден во Крива Паланка во 13.30 часот ќе пристигне и Дедо Мраз. За вечерашната забава за возрасните концерт ќе имаат „Брас брадарс“.

Сабота, на последниот ден од оваа година, од 12 часот концерт ќе одржат дечињата од  „Распеано симитче“ и Пајак, а планирание се и маскоти, коњи со кочија и многу друга целодневна забава за најмладите. Возрасните, пак, ќе може да уживаат во греано вино и колачи. Во попладневните часови на 31  -ви завршува овој петдневен „Новогодишен базар 2022“ во Крива Паланка.

Крива Паланка беше првиот украсен град во државата со новогодишни украси и светлики. Минататa година беше прогласен за најубаво украсен.

 

Scroll to Top