Судот во Калифорнија го прогласи виновен за убиство од прв степен Мајкл Гарџиуло, мажот што во 2001 година ја убил Ешли Еверлин, тогашната девојка на глумецот Ештон Кучер. Тој е прогласен за виновен за убиство на уште една девојка, а судот следната недела треба да му ја изрече казната, пишува порталот „Ти-ем-зи“.На судењето што почна во мај сведочеше и Кучер, кој раскажа дека на ноќта на убиството требал да се види со Ешли, но доцнел поради деловен состанок. Кога дошол пред нејзината куќа, низ прозорецот видел црвени дамки на подот, но помислил дека тоа е истурено црвено вино, па си заминал. Телото на Ешли го пронашле следното утро, во бањата, избодена 47 пати со нож.
Според медиумот, Герџулио е обвинет за убиство и во државата Илиноис. Таму ќе му се суди откога ќе му ја изречат казната за овие две убиства.
Ештон Кучер со детали за убиството на неговата девојка