По наводите за здравјето на Кејт Мидлтон, се огласи и Кенсингтонската палата

Последен пат јавноста ја виде Кејт Мидлтон на божикната служба, која беше неколку дена пред Нова година.

Потоа беше објавено дека итно била оперирана и дека се работи за проблем со стомакот.

Од Кенсингтонската палата досега излегоа само две кратки изјави: Кејт е добро и се опоравува во Виндзор.

Последниот бран гласини беше поттикнат од фактот дека поради приватни причини Вилијам откажа некои обврски, вклучително и одењето на комеморацијата на неговиот кум, последниот грчки крал Константин.

„Во јануари, Кенсингтонската палата јасно ја објави временската рамка на закрепнувањето на принцезата. Ќе ја објавиме секоја важна нова информација“, велат од палатата, додавајќи дека 42-годишната принцеза „добро закрепнува“.

И покрај ова, теориите за Кејт и нејзиното здравје не престануваат.

Имено, на Твитер некој го поставил прашањето дали Кејт Мидлтон починала, а други бараат информации што навистина се случува.

„Каде отиде“, „Зошто сите молчат? На крајот на краиштата, зошто не ја видовме како ја напушта болницата по операцијата“, беа само дел од коментарите.

Текстот По наводите за здравјето на Кејт Мидлтон, се огласи и Кенсингтонската палата е превземен од МАКФАКС.

Scroll to Top