По сите порази и победи ти не се откажа од лудиот скопјанец: Давид Темелков за љубовта со хрватската водителка Елена Јунг

Поп-пејачот Давид Темелков викендов правше свадба во Скопје со неговата сопруга Елена Јунг, позната хрватска водителка од Истра. Парот се венчаше во црквата Св. Богородица, а потоа хрватските и македонските сватови заминале во ресторан, каде ги забавувала групата Анета Молика.

Давид Темелков освен што објави нови фотографии од свадбата , тој раскажа и колку е среќен за сета љубов што му се случила и сите прпреки кои ги поминеле, за сега да се заедно со Елена.

„Од денес љубовта го носи твоето име.  Низ порази и победи, низ милости и немилости, еве не, пред Бога рековме Да! Малата Водњанка и лудиот Скопјанец, оган и вода велат нè оди, се додека не нè видат. Да ти кажам фала за сè, малку е. Беше тука и кога многумина би се откажале, но ти не, тука си. Кога ќе се навратам наназад, многу поминавме и не ми е сеедно додека го пишувам ова.  Животот пишува чудни приказни, па и оваа нашава ја пишува со некој чуден ракопис. Нека пишува, ние ќе читаме. Засекогаш“, вели Темелков.

Неодамна парот даде интервју за магазинот „Глорија“ каде тогаш откри дека планираат голема свадба во Македонија.

Иако во план биле две свадби, сепак на крај двојката се одлучила да направи свадба во Македонија. Венчаницата на Елена и била купена уште пред пет месеци.

„Се договоривме нашата свадба да ги обедини Хрватска и Македонија и нашите традиции. На почетокот планот беше едната свадба во Истра, а другата во Македонија, но на крајот сите се договоривме дека ќе биде во Македонија и тоа не беше моја иницијатива, туку од страна на невестата“, откри Давид во интервјуто.

Нивната љубовна приказна започна во 2015 година, на концертот на Тони Цетински во арената во Пула. Елена, која тогаш беше Мис Истра, по убедување на пријателката отишла на афтер-забава, каде Давор Гариќ ја запознал со Давид. Оттогаш почнала љубовта на релација Хрватска-Македонија, секојдневни патувања, истечени пасоши, љубов на далечина.

Македонска свадба со хрватски сватови среде Скопје: се ожени Давид Темелков со хрватската водителката Елена Јунг

Scroll to Top