Почина ѕвездата од Кум, Хелмут Бергер

Холивудскиот глумец Хелмут Бергер, познат по улогата во „Кум 3“, почина на 78 години. Тажната вест ја соопштија од неговата агенција. Австрискиот актер, беше познат и по улогите и во филмовите на Висконти „Conversation Piece“, „The Damned“ и „Ludwig“ во 1973 година, во кој го игра принцот од Баварија заедно со актерката Роми Шнајдер како Сиси.

Често играше улоги на аристократи, како во „The Garden of the Finzi-Continis“ во 1970 година, во режија на Виторио де Сика. Познат е и по улогата во филмот „Dorian Gray“. Беше во љубовна врска со Висконти сè до неговата смрт во 1976 година.

Хелмут Бергер беше ѕвезда на европскиот филм во 60-тите и 70-тите години, но целиот живот му беше проследен со разни скандали со дрога, обиди за самоубиство и бурни врски и скандали.

Својата автобиографија ја објави во 1998 година под наслов „Јас“ (Ich) во која напиша и поглавја како „Во кревет со Мик Џегер“ и слично. Подоцна играше улога во „Кум 3“ во 1990, а неодамна во филмот „Saint Laurent“ во режија на Бертранд Бонел, во кој го играше остарениот моден дизајнер Ив Сен Лоран.

Scroll to Top