Порно-ѕвезда ќе се кандидира за претседател на Русија

Рускиот претседател Владимир Путин добива уште еден противкандидат на следните избори. Поранешната руска порно-ѕвезда Елена Беркова најави дека ќе се кандидира за претседател на Русија, откако веќе беше кандидат за градоначалник на Сочи. Таа најави дека има намера да воведе смртна казна за сексуално малтретирање.

32-годишната Елена објави видео на „Инстаграм“ во кое ги претстави нејзините планови доколку биде избрана за претседател. Таа е мајка на две деца и четвртата жена која сака да влезе во претседателската трка.

Елена објавила дека таа би вовела смртна казна за сексуално злоставување затоа што ѝ било смачено од луѓе како што е Харви Ванстајн. Таа повикала на строги закони за сексуални напади, додавајќи дека и Русија има луѓе како холивудскиот продуцент. Додала и дека би вовела сексуално образование во училиштата.

„Оваа одлука ја донесов неодамна, затоа што жените активно земаат учество во претседателската кампања. Некои од нив се од шоу-бизнисот, јас бев во трката за градоначалник на Сочи, сум била дел од политика, па затоа одлучив да се кандидирам за претседател. Планирам да го направам разводот речиси невозможен за мажите, зашто деновиве речиси цела одговорност за децата паѓа врз грбот на жените. Сакам да воведам и задолжителен испит за секс. Некои од младите луѓе не знаат за сексуални легални норми, за хигиена, а да не споменувам задоволство“, рекла поранешната порно-актерка.

Елена Беркова предлага и обновување закон од ерата на Советскиот Сојуз со кој се предвидува затворска казна за „паразитите“ – граѓани што не работат, а немаат издржана причина за тоа. Истовремено, таа би понудила државен кредит без камата за луѓе што би сакале да започнат мали бизниси.

Scroll to Top