Познатата фотографија на Фелаини од Суперкупот стана графит во Мелбурн

Најпопуларната фотографија од Суперкупот, на која фудбалерот на „Манчестер јунајтед“, Маруан Фелаини, прави гримаса при ударот со топка, стана уличен графит во Мелбурн. Анонимен уметник стои зад овој графит.

Најпосподелуваната фотографија на „Твитер“ по Суперкупот ја направи македонскиот фоторепортер Борис Грданоски, кој работи за агенцијата „Асошиетед прес“ и кој беше 17 години фоторепортер и уредник на фотографија во весникот „Вест“, од првиот број до неговото затворање.

„И во овој замрзнат миг, каде што тој прави гримаса при шокот од ударот со топка по глава, покажува само колку е тешка работата на фудбалерите“, изјави Грданоски за „Репортер“.

На оваа фотографија реагира и Фелаини, која ја сподели на својот твитер-профил, шегувајќи се на своја сметка.

„Ви благодарам на сите што ја објавивте и ми ја испративте фотографијата“, напиша тој.

Scroll to Top