Пријанка Чопра објави фотографија од детството, ја нападнаа дека е „трансродова“

Пријанка Чопра, индиска актерка, пејачка, поранешна Мис на светот и сопруга на пејачот Ник Џонас, на социјалните мрежи објави фотографија од младоста поради која стана мета на негативни коментари.

„Предупредување: Немојте да се потсмевате со мојата деветгодишна верзија. Неверојатно е да се мисли што може да и направи пубертетот и дотерувањето на една девојка. Лево е мојата фотографија кога бев помлада со момчешка фризура што требаше да биде практично за училиште (благодарам, мамо). Претходно имав фризура во облик на чинија, па ова беше подобрување“, напиша Пријанка покрај фотографиите.

„На десната страна сум јас на 17 години, откако ја освоив титулата Мис Индија во 2000 година и уживав во шармот на косата, шминката и гардеробата. Фотографиите се направени со разлика од помалку од десет години. Како што прекрасно кажа Бритни Спирс: Јас не сум девојка, но сè уште не сум ни жена. Токму така се чувствував тогаш, влегувајќи во големиот свет на забавната индустрија“, додаде таа.

На Инстаграм ја следат повеќе од 92 милиони луѓе, а некои и напишале грди коментари поради фотографија од нејзиното детство.

„Убаво го напишавте сето тоа, но заборавивте да ја спомнете пластичната хирургија“, „Ова е неверојатно“, „Секогаш ми изгледаше малку мажествено, мислев дека можеби е трансродова, ова е доказ“, „Заблагодари се на твојот пластичен хирург“ , „Позади овие фотографии се крие подлабока приказна“, „Се родила како машко“, беа коментарите на некои луѓе.

Секако, имаше и такви кои застанаа во нејзина одбрана и и пишуваа комплименти.

Scroll to Top