Македонскиот музичар Александар Ристовски – Принц сними нова песна „Шарена банана“, а заедно со него се појавува и младата пејачка Кали.
„Инспирацијата за оваа песна ми дојде во продавница гледајќи ги шарените банани тргнати настрана. Обично тие банани се најблаги и највкусни за јадење, но децата не ги сакаат. И така ми дојде идеја да ја персонифицирам обесправената слатка банана, па само ја поврзав приказната со девојка“, вели Принц.
За новата тема Принц сними и видеоспот на кој се потпишува и како режисер, а во видеото, покрај него и Кали, се појавуваат и Александар Ванчовски – Џигер на тапани, Јане Тодоровски на бас и Петар Лукиќ на клавијатура.
Со промоцијата на песната се најавува новиот албум кој набргу ќе биде достапен за преземање од најголемите светски платформи како „Епл ајтјунд“, „Гугл плеј“ и „Спотифај“.
Гледајте: