Принцот Џорџ во цртаниот филм „Пожарникарот Сем“

Цртаниот филм „Пожарникарот Сем“, кој се прикажува веќе триесет години, во јубилејната емисија ќе го вклучи ликот на принцот Џорџ, синот на Кејт и Вилијам.

Откако принцот Вилијам во едно интервју раскажал дека неговиот син ужива да го гледа цртанот „Пожарникарот Сем“, продуцентите одлучиле јубилејот да го прослават така што ќе му посветат епизода нему.

Во епизодата Џорџ со хеликоптер ќе пристигне во државна посета на Понтипанди. Кога ќе дојде до опасност, пожарникарот Сем ќе го спасува.
Scroll to Top