Принцовите Вилијам и Хари глумат во „Војна на ѕвездите“

Британските принцови Вилијам и Хари снимиле кратки сцени за новиот филм од серијалот „Војна на ѕвездите“. Сѐ уште не е потврдено дали сцените ќе влезат во финалната верзија на филмот. Оваа вест ја објави една од ѕвездите на новата трилогија од сагата – Џон Бојега. Според зборовите на 25-годишниот актер, кој ќе се врати во улогата на Фин и во новото продолжение „Последните џедаи“, кралското семејство, како и актерот Том Харди, биле на сетот на филмот минатата година. Тој одби да коментира и ниту потврди ниту демантира дали тие ќе играат.

„До гуша ми дојде со овие тајни за принцот Вилијам. Тие беа на сетот – беа таму. Том Харди исто така“, призна актерот за „Радио 4“ на каналот Би-би-си. Во април минатата година Вилијам и Хари го посетија сетот на „Војна на ѕвездите“ во Лондон и се претпоставува дека тогаш биле снимени извадоците со нив.

Scroll to Top