Промоција на книгата „Џаро-живот на коцка“ во четврток во Штип

Книгата „Џаро- Живот на коцка“ за животот на познатиот менаџер Велибор Џаровски- Џаро ќе се промовира и во Штип. Промоцијата ќе се одржи на летната сцена на Дом на млади во Штип, во четврток, на 22 јуни, од 20 часот.
„Се радувам што ќе се дружам со штипјани. Овој град е посебен и многу значаен за мене, а доста од приказните кои се напишани во книгата се случиле токму во Штип“, изјави Џаровски.
Книгата е во издание на „Три“, а автор е новинарката Милица Џаровска. За првпат беше во продажба на Саемот на книга во Скопје во мај, а потоа се одржа и промоција во Скопје. Авторката, на скопската промоција изјави дека не било лесно да се пренесат сите ангегдоти на Џаровски на хартија. Невозможно било да се проверат приказните, бидејќи Гугл не располага со податоци за сите мали места низ поранешна Југославија каде што Џаро организирал концерти.
„Времето ќе покаже дали бил живот на коцка, живот со коцка, или живот за коцка, рече на скопската промоција промоторот на книгата, Игор Џамбазов.

Scroll to Top