Прва девојка со Даунов синдром ќе се натпреварува за мис

Микејла Холмгрен е девојка со Даунов синдром. Таа ќе се натпреварува за мис на САД. Освои две награди на изборот за убавина „Мис Минесота“ и вели дека сака да ја покаже другата страна на Дауновиот синдром.

Кога доби две награди, Холмгрен стана и првата девојка во историјата што има Даунов синдром и ќе се натпреварува за мис на САД. „Потребно е многу работа. Мојата мајка и јас постојано одевме на шопинг, се спремавме, вежбавме сè, а тука се и шминката и фризурата. Видете го само моето лице“, вели таа.

Холмгрен танцува уште од 6-годишна возраст и обожава да настапува пред голема публика и да ги покажува својата сила и радост на сцена.

„Танцувањето е начин на кој можам да се изразам. Тоа е мојот талент и сакам да им покажам на луѓето што можам да направам и дека можам да дадам повеќе“, објасни  Холмгрен.

Во моментот таа студира на Универзитетот Bethel во Минесота и планира да дипломира во 2018.

Scroll to Top