Познатата германска репрезентативка и поранешна ракометарка на Вардар, Ања Алтхаус, веќе подолго време е во врска со скопјанецот Дино Балиќ.
Тие се заедно скоро една година, а нивните блиски велат дека двојката размислувала и за брак.
Ања и Дино постојано споделуваат заеднички фотографии, а често може да се видат заедно во познатите скопски кафулиња и кафеани. Дино Балиќ, и порано го пишуваа медиумите, затоа што беше во врска со поп-пејачката Каролина и некогашната водителка Натали Грубовиќ.