Разголените слики ги пушти поранешниот на Северина, тврди нејзиниот менаџер

Менаџерот на Северина, Томислав Петровиќ, го обвини нејзиниот поранешен сопруг, српскиот бизнисмен Милан Поповиќ, за фотографиите што синоќа се појавија на интернет.

Петровиќ вели дека Милан е лут поради изгубените судски постапки и сака да наштети на имиџот на хрватската пејачка.

„Сето ова се случува откако Северина повторно победи во судските постапки. Ваквата одмазда и обид за дискредитација не се ништо ново. Се поставува прашањето каде е границата и со кои средства Милан може да се служи во иднина. Утрово се преземени сите правни работи за заштита на Северина, нејзините права и интереси“, изјавил Томислав Петровиќ за хрватските медиуми.

 

Scroll to Top