Владимир Путин убедливо победи на претседателските избори во Русија освојувајќи 76,67 отсто од гласовите на избирачите. Ова го покажуваат податоците од руската Централна изборна комисија, кои се направени врз основа на пребројани 99,79 отсто од гласачките ливчиња.
Путин, кој ќе ја води Русија во наредните шест години, им се заблагодари на граѓаните за поддршката што му ја дале нагласувајќи дека тој во ваквата поддршка ги гледа стекнатата доверба кај граѓаните и надежта за понатамошен развој на земјата.
Путин получил поддержку наибольшего числа избирателей за всю историю России https://t.co/vchSG2eMw8 pic.twitter.com/yzNlo4JnOF
— RT на русском (@RT_russian) March 19, 2018
Тој исто така ги повикал граѓаните на Русија да го одржат единството.
Путин на овие избори оствари личен рекорд. Во 2000 година за него гласаа 52,9 отсто од населението. Во 2004 година тој број беше блиску до сегашниот – 71,3 отсто, а во 2012 година 63,60 отсто од гласачите гласаа за Путин. Народот преку направените анкети сметаше дека резултатот на Путин што го оствари сега претставува рекорд во историјата на Русија и дека Путин освои повеќе гласови од Медведев во 2008 година (52,5 отсто) и од Елцин во 1993 (53,8 отсто) и во 1991 (57,3отсто), наведува „Спутник“.
На изборите учествуваа осум кандидати.
Владимир Путин: «Нас ждёт успех!» pic.twitter.com/d0YP6zCmeg
— RT на русском (@RT_russian) March 18, 2018
На второ место завршил Павел Грудинин, кандидатот на Комунистичката партија, со освоени 11,82 отсто од гласовите, а лидерот на Либерално-демократската партија, Владимир Жириновски, завршил на третото место со 5,68 отсто од освоените број гласови.