Кога со екипата на „Репортер“ пред три години ја почнавме нашата „откачен портал“ приказна најважно ни беше да ја добиеме довербата од читателите. Не беше лесно да бидеш фер наспроти сајтовите „еве овде, еве онде, видете тука…“. Ние не фолираме. И полека успеавме со фер наслови и коректни текстови да се наметнеме во медиумскиот простор. Низ ходникот до нашето студио каде што снимаме интервјуа поминаа многу познати личности. Им се радуваме и на оние кои допрва ќе дојдат.
И така некако „Репортер“ порасна. И конечно, „Репортер“ доби нов и модерен дизајн. Фраерско лого и сајт кој од сега на читателите ќе им овозможи подобра прегледност при пребарувањето на содржините.
Сајтот е редизајниран по теркот на современите светски трендови и нуди минималистички и визуелно почист изглед. Плус целосно е прилагоден за мобилните, за таблетите и за компјутерите.
„Репортер.мк“ е сајт во кој ќе прочитате од сè по нешто. И лесно ќе се снајдете додека барате. Најновите вести за естрaдата, приватни и професионални приказни за познатите, домашните и оние од „балкан-кан“, сите вести за познатите од светот. Сега лесно ќе се најдете ако ве интересира мода и „лепота“, а новитет ни се вестите за спорт. За смеење дојдете во „ќумрам“, а „заговорот“ секогаш е причина за дебата плус. Студиото е спремно. Интервјуата исто така. По некоја приказна за здравје и за секс спакувана во „иљач“, а за сè што се чудите каде е, ќе го најдете во „ѓутуре“. За крај, основната идеја е секој да може да пронајде информација за себе и за она што го интересира. Ние не фолираме. Затоа, читајте и уживајте. Трач-муабетите се дел од секојдневниот живот. Познатите мора да знаат како да се носат со популарноста, а ние тоа го пренесуваме. Најубаво е кога има забава и баш таков е нашиот сајт. Ама овој пат со ново лого и нов дизајн.
Тимот на „Репортер“