Кристијан Атсу, репрезентативец на Гана и поранешен играч на Порто и Њукасл, беше еден од многуте спортисти за кои се трагаше по двата разорни земјотреси што ги погодија јужна Турција и Сирија.
Атсу денес е играч на Хатајспор, клуб од југот на Турција. Ноќта пред земјотресот, тој го постигна победничкиот гол за својот тим во натпреварот против Касимпаша.
Извесно време по земјотресот не се знаеше многу за состојбата на фудбалерот, но новинарот од Гана, Садик Адамс излезе со некои детали.
„Ми кажаа дека Кристијан Атсу се наоѓа на деветтиот кат од зградата која се урна со уште девет играчи и двајца судии. Тројца играчи и еден судија се спасени. Претставниците на клубот се на лице место и потрагата продолжува. Нашиот брат ќе биде добро. Ако Бог даде. Ајде да веруваме“.
Недолго потоа било потврдено дека е пронајден и дека е жив. Тој има повреда на десната нога и проблеми со дишењето, поради што е пренесен во болница, потврдија англиските и португалските медиуми.