Се смирија Кети Пери и Тејлор Свифт

По долгогодишната кавга помеѓу Кети Пери и Тејлор Свифт, се чини дека двете пејачки конечно ќе ги остават зад себе сите недоразбирања.

Караницата што трае со години започна кога Тејлор ѝ украде еден од танчарите на Кети, по што започнаа јавните озборувања и плукања. Но, Кети реши дека е време да го прекине конфликтот, па јавно ѝ се извини на Тејлор и додаде дека Свифт е одличен музичар и уште подобар човек. Тејлор, пак, засега нема никаков коментар, туку е насочена кон својата музика и промоцијата на новиот албум „Репјутејшн“.

Scroll to Top