Секој ден си го бричам лицето, како ѕвер сум: Ева Мендес за спасот од влакната на лицето

Актерката Ева Мендес ја откри тајната на нејзината беспрекорна кожа. Станува збор за дермапланинг метода, а признала дека е толку влакнеста што мора да го бричи лицето секој втор ден. Таа дури и се опиша себеси како „ѕвер“ поради тоа.

Откако ја сподели тајната на социјалните мрежи, еден нејзин следбеник праша колку често тоа треба да се прави. „Еднаш месечно или на секои две недели? – гласи прашањето, на што ева одговорила: „Јас сум ѕвер, па веројатно ми треба секој втор ден“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Mendes (@evamendes)

Дермапланинг е техника која вклучува употреба на осцилирачко сечило за отстранување на површинските слоеви на кожата, со што се елиминираат влакната што многу луѓе природно ги имаат на лицето.

Ева не се срамела, па на своите следбеници без двоумење им порачала дека го избричила лицето, а тоа предизвикало многу реакции.

„Го правам тоа речиси секоја недела и тоа ме спаси. Добив многу коментари на мојата претходна објава од жени кои со години го бричат ​​своето лице. Во ред, претпоставувам дека „дермапланинг“ е претпочитаниот збор, но тоа е она што и така го сакам“, објаснила Мендес..

Scroll to Top