Шоуто „Глумците пеат“ во април на сцената во МОБ

Македонското шоу во кое глумците пеат се враќа на сцената. Оваа година манифестацијата „Глумците пеат“ ќе се одржи на 20-ти април, во Националната опера и балет, а следната година ќе се одржи на светскиот ден на тетарот 26-ти март.
Шоуто ќе биде во режија на Дејан Пројковски.

Ира Бабиќ ќерката на Марин Бабиќ, македонски театарски, филмски и телевизиски глумец кој почина минатата година го најави враќањето на „Глумците пеат“.

„Со многу возбуда, емоции и ентузијазам, онака како што пред 31 година татко ми ја започна приказната наречена „Глумците пеат“, најавуваме враќање на ова шоу, што го празнува театарот и глумците.
Во спомен на Марин Гермов Бабиќ, но и како желба на многумина кои ги паметат Глумците Пеат, со сестра ми Маја Бабиќ одлучивме да ги вратиме и да им дадеме повторно живот“, напиша Ира.

Scroll to Top