Мадридскиот спортски весник „Ас“ објави листа од десет најлоши напаѓачи во историјата на Реал Мадрид, на која има дури тројца од поранешната Југославија. На листата десет најлоши се Лука Јовиќ и Перица Огњеновиќ од Србија и Елвир Баљиќ од БиХ.
Јовиќ сè уште е играч на Реал, иако сезонава настапува како позајмен играч во Фиорентина. Клубот од Мадрид за него плати 60 милиони евра, но тој никогаш не го покажа својот потенцијал.
Огњеновиќ и Баљиќ беа дел од Реал меѓу 1999 и 2001 година.
Најпознатото име на листата е поранешниот француски репрезентативец Николас Анелка, кој беше дел од кралскиот клуб во сезоната 1999/2000. За него Реал плати 22.5 милиони фунти, а тој одигра 33 натпревари, штрајкуваше и одби да тренира три дена пред неговото деби.
Слично лошо искуство Реал имаше и со Антонио Касано, кој го носеше дресот на клубот од 2006 до 2008 година и притоа даде само четири гола и три асистенции. Еден гол повеќе даде Аргентинецот Хавиер Савиола кој за Реал настапуваше од 2007 до 2009 година.
Десет најлоши напаѓачи во историјата на Реал според весникот „Ас“ се:
Николас Анелка (1999-2000)
Антонио Касано (2006-2008)
Хавиер Савиола (2007-2009)
Лука Јовиќ (2019-2022)
Едвин Конго (1999-2000)
Мануел Канабал (1997-1998)
Перица Огњеновиќ (1999-2001)
Елвир Баљиќ (1999-2002)
Петар Дубовски (1993-1995)
Фредерик Магелан (1999-1999)