Силвестер Сталоне обвинет за силување

„Адвокатската канцеларија од округот Лос Анџелес ги разгледувала случајот и предметот против Силвестер Сталоне“, изјавил во средата портпаролот Грег Ризлинг кога од полицијата Санта Моника му го предале случајот.

„Мојот клиент категорички ги отфрла сите обвинувања“, изјавил адвокатот на Сталоне, Мартинг Сингер, за Си-ен-ен.

„Неверојатно е што полицијата ја објавила оваа информација затоа што ја тера јавноста да помисли дека навистина нешто се случило“, додал Сингер.

Сингер истакнал дека жената што го обвинила Сталоне била во врска со актерот во 80-тите години.

„Не е во ред да се обидете да уништите човечки живот на ваков начин“, додал адвокатот.

 

 

 

 

Scroll to Top