Албанскиот натпревар за избор на песна за Евровизија предизвика многу бурни реакции кај јавноста и медиумите од регионот. Освен што ги претставува пејачка од Косово тие ги прекршија правилата и со гласање. Албина и Фамилијата Кељмеди ќе ја претставуваат Албанија на Евровизија 2023 година.
Финалето на албанскиот национален фестивал се одржа во „Палати и конгресеве“ во Тирана, победникот беше избран со гласовите на публиката, а како што објавија медиумите, покрај жителите на Албанија, гласале и жителите на Косово.
Инаку, Албина е од Пеќ, а Албанија со тоа што дозволила да гласаат од Косово сериозно ги прекршила правилата на ЕСС, пренесуваат медиумите од регионот.
Покрај ова, скандалот го предизвика и текстот на песната за која на социјалните мрежи пишуваат дека албанската песна е за Косово, што исто така е недозволиво и казниво според правилата на ЕСС.