„Скарата е подготвена, а климата на најјако“ – хит објава од дневна соба, луѓето во чудо

Луѓето се зачудени и не можат да поверуваат дека маж ставил скара во дневната соба, а потоа ги повикал пријателите на Твитер да му се придружат на забава.

Во преден план гледаме метална конструкција и куп чад во затворен простор, со порака: „Јагленот е жежок, климата е максимум. Донеси пиво и дојди“.

Сакаме да веруваме дека авторот се шегувал, меѓу другото, и поради ризикот што го претставува нивото на јаглерод моноксид во таква ситуација.

„Скара во затворен простор? Се обложувам дека собата мириса неверојатно“, напиша еден корисник.

Сепак, оваа идеја не им се допадна на многу луѓе, сметајќи ја опасна, пренесува Daily Star.

Едно лице беше иронично: „Ова е многу ЛОША ИДЕЈА. Тркалата и нозете на скарата ќе го изгребат паркетот. Проверете дали убаво седат на тепих“.

Scroll to Top