Скопскиот аеродром е прогласен за еден од најпријатните и најчисти во светот

Скопскиот аеродром е прогласен за еден од најпријатните и најчистите во светот

Меѓународниот Аеродромот во Скопје беше прогласен за еден од најдобрите аеродроми во светот. Со  2 до 5 милиони патници годишно тој освои нагрда во изборот на Airport Service Quality Awards . Скопскиот аеродром беше избран во конуренција од околу 400 аеродроми ширум светот. Исто така е  прогласен и за еден од најчистите и еден од најпријатните.

Победниците беа прогласени на 6. март, а Airport Service Quality Awards , а наградите и признанијата се доделуваат од 2006 година на најдобрите аеродроми во светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Skopje Airport (@skopjeairport)

Наградите се фокусираат на услугите и условите што ги нудат аеродромите.

Во конкуренцја се 400 аеродроми од 95 држави. Скопскиот аеродром се најде годинава во скоро сите од категории

Меѓународниот аеродром во Скопје се најде на листата на „Најпријатни но и најчисти аеродроми ширум светот“.

Според официјалниот веб-сајт на наградите, на оваа листа се наоѓаат само 5% од аеродромите кои се истакнуваат со услугите како ресторани и продавници. Истовремено, ова се аеродромите на кои патниците се чувствувале најпријатно и најудобно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Skopje Airport (@skopjeairport)

Покрај аеродромот во Скопје, на листата се наоѓаат и други европски аеродроми, вклучувајќи го Никола Тесла во Белград, Roma-Fiumicino во Италија и Bergamo во Милано.

Меѓународниот аеродром во Скопје доби и награда во категоријата „Најлесно движење низ аеродромот“. И на оваа листа се наоѓаат пет проценти од аеродромите низ кои на патниците им било наједноставно да се снајдат.

Scroll to Top