Скопско кафуле со солидарност за Турција и Сирија: кафето се наплаќа со СМС-порака за настрaданите во земјотресот

Кафето кое ќе го испиете во скопското кафуле „Бифе Тафталиџе“ нема да ви го наплатат келнерите, туку ќе си го платите со смс порака за донација за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија.

„Бројот е 143-400 (Телеком и А1). Повикот е 100 денари. Доаѓаш, пиеш Лаваца кафе во Бифе или напред, на тераса, праќаш СМС и кафето е платено. Толку можете – толку можеме. Биди човек во живо, не на Фејсбук“, стои во описот на кафулето објавен на Фејсбук.

Корисниците на социјалните мрежи пишуваат позитивни коментари за хуманиот гест на кафулето. Браво за хуманоста, За кафе не сум, но ќе донирам се надевам повеќето ќе го направат истото, браво се гледаме утре, а кафето ќе си го платам поскапо од мерак, добар пример да ве следат и другите локали, се дел од коментарите.

Scroll to Top