На Џорџ Клуни (62) не му предвидувале холивудска кариера и голем успех, особено кога како тинејџер добил Белова парализа, поради што му била одземена едната страна од лицето. Сепак, актерот стана познат, а љубовта на својот живот ја запозна во 2013 година.
Во доцните 80-ти, тој беше во врска со актерката Кели Престон, а потоа се ожени со Талија Балсам. Бракот не траеше долго, се разделија по неполни 2 години, иако бракот беше финализиран во 1993. Актерот тогаш јавно изјави дека никогаш повеќе нема да застане пред олтарот и дека не сака да има деца.
На 33 години доби улога во серијата „Итна помош“ и поради тоа преку ноќ доби статус на секс симбол, а во 1997 и 2006 година магазинот „Пипл“ го прогласи за најсекси маж на светот. Во тоа време имал бројни љубовни врски, па го поврзуваа со Камерон Дијаз, Шарлиз Терон, Луси Лиу.
Дури во 2013 година ја запозна љубовта на својот живот. Адвокатката Амал Аламудин (45) која на почетокот го шармирала, а тој ја запросил откако биле во врска 6 месеци. Таа тогаш имала 35 години, а тој 52. Тој и подготвил вечера, го вклучил радиото, ставил шампањ и го сокрил прстенот. Откако тој клекнал на едно колено и ја прашал дали ќе се омажи за него, таа веднаш не му одговорила и биле потребни 25 минути да му каже „да“.
Во една прилика Џорџ и кажал на својата колешка Дру Баримор за нивната средба.
„Мојот агент тогаш ја знаеше, па ми рече дека ќе ти донесам пријателка дома и ќе се омажиш за неа еден ден, верувај. Тогаш му се смеев и му реков „Ти си луд““, се присетил актерот кој додал дека разговарале цела ноќ и се заљубиле.
„После тоа ѝ пратив многу писма, а и денес си оставаме писма на перници наутро“, признал Џорџ.
Инаку, двајцата се венчаа во 2014 година во Венеција, а ги поканија семејството и најблиските пријатели. Три години подоцна, Амал ги роди близнаците Ела и Александар. Дури кога станал семеен човек сфатил колку му бил празен животот порано.
„Семејството ми е се. Тие ми даваат чувство на припадност, дом и безусловна љубов – се што мислев дека можам да добијам од добра кариера и куче. Амал и јас сме одличен тим. Никогаш не сме се скарале, имаме прекрасен живот“, призна актерот..
„Да ми кажеше некој кога бев помлад дека најубавиот дел од мојот живот ќе се случи после 50-тата година, ќе се насмеев затоа што мислев дека на 50-та всушност си мртов. Сега мислам дека и на 60 не си толку стар. А околу мојот 70-ти роденден малку ќе се замислам“, се пошегувал актерот.