Ивана Наскова на македонската публика ѝ е позната како телевизиска и радио водителка и стенд-ап комичар. Таа наскоро ќе ја промовира својата прва книга, „Совршениот странец“, во издание на „Матица Македонска“.
„Книгата е љубовен роман, наменет за модерните, силни, храбри и независни девојки и жени кои се борат за она што го сакаат, за падовите во животот и кревањето назад горе, но и за вербата во љубовта“, рече авторката за „Репортер“.
Промоцијата на романот ќе се одржи на 15 ноември.