Според обложувалниците „Џокер“ е фаворит за „Оскар“

Според светските обложувалници, но и филмските критичари, филмот „Џокер“ во режија на Тод Филипс и главниот актер Хоакин Феникс, се главни фаворити за најпрестижната филмска награда „Оскар“.

Покрај 11-те номинации, (за најдобар филм, актер, режиј), повеќе номинации имаат и „Си било еднаш во Холивуд“, „Ирецот“, „Брачната приказна“ и „1917“, но во обложувалниците предизвикаа помал интерес.

Покрај Хоакин Феникс, фаворити се и Адам Драјвер за неговата улога во „Брачната приказна“, Леонардо ди Каприо за холивудската приказна на Тарантино и Џонатан Прајс за неговата улога во „Двајца папи“.

Меѓу жените, пак, „Оскарот“ најмногу им се насмевнува на Серса Ронан за улогата во „Мала жена“, Шарлиз Терон за „Бомбшел“, Рене Зелвегер за нејзината улога во „Џуди“, и Скарлет Јохансон за „Брачната приказна“, пренесуваат агенциите.

Овогодишните 92. награди на Академијата ќе се одржат на 9 февруари во театарот „Долби“ во Лос Анџелес.

Scroll to Top