Сузана Гавазова најавува нов проект

Фолк пејачката Сузана Гавазова најави наскоро нов проект, кое вклучува ново цд на кое ќе има околу 10 до 11 песни, а кое треба да биде готово наредната година.

Гавазова откри дека новогодишната ноќ ќе ја помине работно во Прилеп, а дека наредната година има голем број на понуди за турнеи надвор од Македонија.

Сузана Гавазова, една од нашите најпознати фолк пејачки подготвува нов проект. Сузана живее во Шведска, но периодов ќе биде во Македонија бидејќи снима нов материјал за нејзиното ново цд, кое ќе излезе наредната година.

-Тука сум дојдена за нов материјал, работам на нов проект. Другата година треба да биде веќе и готов. Цд-то ќе биде од 10-11 песни, ќе снимаме во Скопје кај Дејан Момировски, претежно тој ќе биде аранжер на сите песни, но ќе вметнеме и повеќе автори од Македонија успешни и докажани. Исто така можеби ќе има и некои автори од странство, од соседите така да дојдена сум за тоа тука, да снимам Новогодишни емисии.-истакна Гавазова.

Таа вели дека 2017-та за неа помина доста солидно со оглед на тоа што некое време паузираше, но оправдано поради тоа што има две мали деца и времето го користи да биде со нив. Сепак континуирано на тоа, Сузана снимаше и нови песни, албуми, а беше и на турнеја во Австралија.

За дочекот на Нова година познатата фолкерка ќе пее во Прилеп.

-За нова Година сум тука за дочекот ќе пеам во Ла Каса Гранде во Прилеп, сум пеела во Прилеп и мислам дека и овој пат ќе поминеме екстра затоа што тамошната публика знае да слуша добра музика, знае да се забавува и весели и не се сомневам дека ќе си поминеме одлично.-додава фолкерката.

За наредната година Сузана има повеќе понуди за турнеи, но вели дека би се нафатила само доколку тие турнеи се кратки бидејќи не сака да биде одделена од нејзините дечиња подолго време. Таа уверува дека од 2018-та ќе биде многу поактивна, ќе снима нови песни и спотови.

 

Scroll to Top