Извори блиски до полицијата потврдиле дека 41-годишниот пејач се обесил во својот стан во Лос Анџелес, а неговото тело е пронајдено утринава.
Зад себе оставил сопруга и четири деца.
Од службената страница на Линкин Парк сѐ уште не ја потврдиле веста, а пред неколку часа објавиле и нов видео запис.
Познато е дека Честер со години се борел против зависност од алкохол и дроги, а во една прилика и јавно изјавил дека сака да си го одземе животот.