Тајните планови на ММФ и Светска Банка за уништување на Македонија и Хрватска

Џозеф Стиглитц, авторот на овој текст, не е теоретичар на завери, туку високопозициониран њујоршки банкар, најцитиран економист на светот. (Секоја сличност и споредба со хрватските и македонските политичари во овој текст е намерна. Ова е приказна за Републиките Македонија и Хрватска и нивната нова историја).

Тој е професор по економија на американскиот универзитет Стенфорд, поранешен советник на екс-претседателот на САД Бил Клинтон и поранешен претседател на Светска банка за обнова и развој. Одлучил да „проговори“ за тоа како моќните западни банки и Меѓународниот монетарен фонд, во своите тајни документи планираат и ладнокрвно предизвикуваат социјални немири во многу сиромашни и транзициски земји низ светот, на кои начелно им „помагаат“.

Текстот е изворно објавен во „Тhe Observer“, на 29 април 2001 година, пред повеќе од десетина години, а ние ви го пренесуваме со превод и обработка на доктор Иван Шиматовиќ. (од списанието „Светлост“).

Оригиналот можете да го најдете на Google: Joseph Stiglitz Observer, четврт ред: IMF’s four steps to damnation.

Перфидно смисленото сценарио е следно: Прво ќе се сними и детално анализира економската и кадровска состојба на секоја држава која ќе побара финансиска помош за својот развој, или опстанок. Потоа Светска банка за обнова и развој, на владата на дотичната земја, ќе им врачи идентична типизирана програма која содржи четири обврзувачки чекори.

Прв чекор – ПРИВАТИЗАЦИЈА

Прво што владата земја-жртва треба да го направи е неодложно да изведе приватизација на економијата, а посебно на големите јавни и клучни индустриски претпријатија, од кои е составен рбетот на економијата. Наместо аргументирано да се зборува и вкрстат копјата за барањата за брзоплета продажба на јавните претпријатија, многу од политичарите брзаат да ги продадат екектроиндустриските центри, нафтената индустрија, водоводните претпријатија, како економски императив.

За да се замолчат трезвените критичари, таквата непромислена постапка со тешки далекосежни последици, тие се повикуваа на императивните барања на Светска банка за обнова и развој.  „Можете да видите како им се шират очите од можноста да добијат провизија, ако во проценувањето на вредносниот имот, кај големите јавни претпријатија и клучните индустриски претприемачи, се собере некоја милијарда или барем неколку стотина милиони долари“, вели професорот.

ВТОР ЧЕКОР – ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА

По кампањската спроведена приватизација, задолжително се следи носењето на законските регулативи за либерализацијата на пазарниот капитал. Тој потег, теоретски гелдано, овозможува инвестициски капитал, непресметан влез и излез од земјата. Притоа, како што покажува искуството, во земјата-жртва, влегува релативно мал капитал, а се распродава најголемиот дел од капиталот на „законит“ начин, кој непресметано излегува од земјата.

Тој процес на извлекување на капиталот во економијата е познат по името „круг на жешки пари“. Парите, или поточно грабачкиот капитал влегува во земјата-жртва, првенствено поради шпекулациите на недвижности и валути, а потоа исплашените дивјаци, спасуваат глава, без оглед на првиот знак на проблемите кои доаѓаат, кои би можеле да ја загрозат нивната безбедност. Во тоа панично бегство, капиталот на државните резерви би можел да „пресуши“, за само неколку дена. Потоа по така вешто исценираното бегство, ММФ задолжително бара од владите на земјите-жртви, да веднаш драстично ги зголемат каматните стапки од 30 или 50% на дури 80 % за да големите светски шпекуланти повторно можат да го цицаат државниот капитал. „Резултатите од таквиот потег на владата, која најчесто нема друг излез, е предвидлив“, вели професорот Стиглитц. Астрономските каматни стапки, секако брзо го привлекуваат одземениот капитал, додека од друга страна тие системски го уништуваат индустриското производство и дефинитивно ја исушуваат националната економија на земјата-жртва.

ТРЕТ ЧЕКОР – ПАЗАРНО ОДРЕДУВАЊЕ НА ЦЕНАТА

Тогаш ММФ на земјата-жртва која е во издишување, ладнокрвно го повлекува третиот чекор – така наречено „пазарно одредување на цената“. Тоа е убав израз за драматично дигање на цената на храната, енергенсите, водата и останатите комунални услуги. Тоа, секако, не вреди за цената на работа (платата) и пензијата. Со тоа, во прв ред, драстично се руши и онака веќе нискиот животен стандард кај жителите, и драстично се подигнуваат деловните трошоци во веќе однапред осмислената театрална економија. Набрзо потоа, според веќе добро уиграното сценарио, следува завршниот четврт чекор.

ЧЕТВРТ ЧЕКОР – ММФ ПРОТЕСТ

Тим на протестанти се испратени во земјата-жртва која буквално е фрлена „на колена“, и „де-факто“ се наоѓа пред економско уништување. Во тие драматични околности, ММФ од неа ја извлекува и последната капка крв. Прграмирано го засилува „огнот“, и ја подига социјалната температура, додека на крај котлето не експлодира. Со тоа отворена е вратата на пеколот. Еклатантен пример за тоа е Индонезија во 1998 година, кога ММФ безобзирно, и ги укинува субвенциите за храна и гориво за сиромашното население, по што секаде се појавија жестоки немири.

Во тој поглед поучен е и примерот со Боливија, каде во минатите години, избиле големи немири, поради драастичното зголемување на цената на водата. Вешто програмираните и прецизно темпираните ММФ протести, како своевиден знак на узбуна, предизвикуваат нови масовни бегства на капиталот, од земјите-жртви, а неретко доведува и до стечај на владата. Тоа економско подметнување на економски оган, има и своја светла страна – секако, само за безобѕирните старни, сопственици на капиталот.

Во таква безизлезна ситуација, тие можат по смешни цени да го откупат преостанатиот дел од економскиот имот на земјата-жртва, во тој паничен период, со панична распродажба. По тој перфиден образец, веќе во последните десетлетиа, во Третиот свет создадени се многу земји – губитници.

Притоа единствени победници, секогаш биле моќните зпадни банки, кои во бездушниот лов по капитал, поминуваат и низ мртви лешеви. Според професорот, во плановите на ММФ и Светска банка за обнова и развој, најмногу загрижуваат две важни работи:

1. Дека плановите се создаваат во тајност, и дека секогаш водат апсолутистичка идеологија која е странска на секои хуманизам и алтруизам.

Со тоа, тие никогаш не се отворени за стручна расправа и забелешко и така се разработени да го програмираат рушењето на демократијата во земјата која некритички ја применува.

2. Да, не се успешн!

Постои ли земја која избегнала ваква несреќна судбина? „Да“, вели професорот: „Боцвана!“ Нивниот трик? „Одлучно им рекоа на менаџерите на ММФ и Светска банка: „Go home!“.

Ако тоа е можно, да на претставниците на светскиот капитал им се рече „Одете си дома“, зошто не би можеле да им речат и земјите од Балканот, како на пример Хрватска, или Македонија, пред да биде доцна?

Дали сте ги запаметиле сите барања на ММФ во Македонија и Хрватка, запаметете ги и сетете се на изборите: Тоа се непријатели на балканските земји и ваши лични непријатели. Нивните маски не се важни.

Како ММФ и Светска банка ги доведуваат до должничко робство.

ММФ како наша судбина

Scroll to Top