Тајно се ожени српскиот рапер Девито

Српскиот рапер Давид Љубеновиќ попознат како Девито вчера тајно се оженил на својата девојка која досега не ја покажал во јавноста.

Девито се вери својата девојка пред неколку месеци, а вчера парот ја круниса љубовта со брак пред 70-тина гости.

Раперот целата организација ја извел во тајност, а од своите гости барал да потпишат договор за доверливост, а тој на секој од нив забранил да користат мобилен телефон за да во јавноста да не се појават фотографии и видеа од венчавката.

Свадбата се одржала во познат белградски ресторан, а вработените на новинарите им рекла дека ништо не смеат да коментираат, бидејќи и тие потпишале договор.

Инаку, Девито ја запроси својата девојка на многу необичен начин, па наместо прстен, и купи златен часовник.

– Наместо свршенички прстен, купив два исти часовници во различно злато. Едниот е женски, другиот машки – откри Девито во една прилика.

Scroll to Top