Тамара направи крштевка за синот Дарен, кум му беше ракометарот Дејан Манасков

Пејачката Тамара Тодевска му направи крштевка на синот Дарен. Таа објави фотографии на кои е заедно со неговиот кум, ракометарот Дејан Манасков, нејзината сестра Тијана и бизнисменот Сефер Цаноски.

„Крстено дете“, напиша пејачката.

Тијана исто така објави фотографии и напиша: „Среќна крштевка Дарен, среќно ти име, да си здрав и среќен, мил на кека“.

Дарен кој наскоро ќе наполни 5 години, беше крстен во црквата „Св. Јован Крстител“ во населба Капиштец.

Фото: Инстаграм Тамара Тодевска/ Тијана Дапчевиќ

 

 

Scroll to Top