Тегла со џем го издала Пике дека ја изневерува бившата партнерка Шакира, пишуваат шпанските медиуми. Пејачката, наводно се посомневала кога се вратила од патување и во фрижидерот нашла скоро празна тегла со џем, иако Пике не го јаде. По ова, таа ангажирала приватен детектив, кој ја открил аферата на Пике со Клара Чиа Марти.
Дека поради тегла со џем Шакира дозна за неверството на Пике, таа покажа и со новиот спот, каде во една од сцените го отвора фрижидерот во кој е теглата со џем. Во фрижидерот е и главата на Ро Алехандро, пејачот со кого ја сними песната. Па на прашање од новинарите што барала во фрижидерот и зошто ја избрала оваа сцена, пејачката им одговорила дека сакала да ја дознае вистината.
За потсетување, Шакира и Пике се разделија лани по 11 години врска, по што Пике во јавноста се појави со новата девојка, Клара Чиа Марта, која е двојно помлада од Шакира.
За да му врати сними песна во која го исмеа и му порача дека сменил „ролекс“ за „касио“ и „ферари“ за „твинго“. Тој потпиша договор со компанијата за часовници, а на работа дојде со автомобил „твинго“.
Медиумите пишуваат и дека ставила кукла со вештерка на терасата да ја исплаши мајка му која живее до неа затоа што мисли дека ја криела аферата од неа.
По разделбата двајцата ги замолија сите да ја почитуваат нивната приватност заради двете деца, а откако пукна аферата и Клара ги избриша фотографиите од социјалните мрежи.