Тенисот нов предмет во школите, Новак Ѓоковиќ го поддржа овој предлог

Учениците од прво и трето одделение во најмалку 22 основни школи во Србија, ќе можат бесплатно во рамките на воннаставните активности да научат да играат тенис.

Ваквата иницијатива ја поддржа и најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ.

Пилот проектот „Тенис во основните школи“, кој подразбира бесплатни часови по тенис за основците, веќе во второто полугодие оваа школска година, заживеа во 11 основни школи, но и оваа активност, како и сите други, беа спречени од пандемијата со коронавирусот.

Scroll to Top