Тимоти Хатон обвинет за силување на 14 годишно девојче

Поранешен модел од Канада, Сера Онстон го обвини оскаровецот имоти дека ја силувал кога таа имала 14 години. Според обвинението, Хатон ја силувал Сера во 1983 година во 1983 година, кога го снимал филмот „Икеман“. Немилиот настан се случил во неговата хотелска соба во Ванкувер.

Според сведочењето на Сера, во собата имало уште еден пријател на Хатон, кој се обидел да ја натера на орален секс, нешто на што глумецот се спротиставил.

„Се ќе биде во ред. Нема да трае долго“, го опишала Сера моменттот додека Хатон ја силувал и што е тоа што ѝ го зборувал во тие тешки моменти за неа.

Сера вели дека Хатон ја третирал како кукла, а сексуалниот напад го споредила како подготовка за операција. Вели дека тоа било многу болно искуство за неа.

Адвокатот на Хатон целосно ги отфрлил ваквите обвинувања, тврдејќи дека неговиот клиент никогаш немал средба со Сера. Тој објаснил дека единствената цел во овој случај е да се изнудат пари од глумецот.

Правниот тим на Хатон испратил и писмо до јавноста со цел да се дискредитираат ваквите обвинувања и да ја претстават Сера како лажливец, чија цел е единствено да изнуди пари.

Сера наводно побарала 1,5 милиони доалри, за да молчи. Според пишувањата на американските медиуми, Хатон се согласил на 135.000 долари, нешто на што Сера не се согласила. Таа изјавила дека нема стомак за да ги издржи условите од договорот и дека не може да се помири со фактот што Хатон го негирал целиот случај.

 

 

Scroll to Top