Том Круз: Губев свест додека правев авионски акробации во осмиот дел на „Mission: Impossible“

Том Круз ги открива вистинските предизвици со кои се соочувал додека снимал неверојатни авионски акробации за филмот „Mission: Impossible – Fallout“. Во интервју за „Empire“, актерот откри дека неколку пати губел свест поради недостаток на кислород додека изведувал опасни маневри на високи брзини.

„Кога ја пробивате главата низ авион кој оди со 120 до 130 милји на час, не добивате кислород. Мораше да научам како да дишам. Имаше моменти кога физички губев свест, не можев да се вратам во пилотската кабина“, изјави Круз.

Сите обожаватели на акциската серија „Mission: Impossible“ го паметат Круз за неговите екстремни изведби: од искачување на Бурџ Калифа до скокови со мотор од карпа и висење на покривот на воз. Но, режисерот Кристофер Мекквари вели дека во најновиот дел на серијалот акробациите ќе бидат уште поекстремни и шокантни.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Empire (@empiremagazine)

„Во овој филм има акробации кои навистина ќе ве шокираат. Имаше денови во Африка кога Том правеше нешта што го надминуваа сето она што некогаш го правел“, истакна Мекквари.

Режисерот исто така се присети на зборовите на еден гледач на пробната проекција на „Final Fantasy“, кој изјавил дека за малку ќе доживеал срцев удар.

„Тоа значи дека мора да сме направиле нешто како што треба“, се насмеа Мекквари.

„Mission: Impossible – Fallout“ ќе пристигне во кината на 23 мај 2025 година.

Scroll to Top