Тони Цетински полн со емоции се сеќава на Тоше

Хрватскиот пејач Тони Цетински, со кого Тоше сними дует, но и приватно се дружеа, напиша емотивен статус на социјалните мрежи.

„Секоја година ни доаѓа тој ден, тоа утро кога нешто што не сакаме да го дознаме, чуеме, насетиме… но сепак немилосрдно доаѓа и потсетува колку сме нежни и како никогаш не знаеме што ни носи следниот ден. Тешко е веќе еве дванаесетта година да прифатиме дека те нема тука.

Единствена надеж ни е тоа што беше и остана доказ дека ангелите во човечки облик постојат и остануваат секогаш тука, крај нас….Драг Тоше те сакаме до последниот здив. „Засекогаш братко мој “, напиша меѓу другото во својата емотивна објава Цетински.

Scroll to Top