Трчањето штити од стрес

Трчањето е лек за подобро помнење, тврдат научниците. Трчањето го штити делот од мозокот задолжен за учење и помнење од негативните последици на стресот.

„Охрабрувачки е да се знае дека можеме да ги победиме негативните влијанија што стресот ги има врз нашиот мозок со тоа што ќе излеземе надвор и ќе трчаме“, вели Џеф Едвардс, водач на истражувањето.

„Не можеме да го контролираме нивото на стрес во нашите животи, но можеме да го контролираме нивото на вежбање“, додава Едвардс.

Истражувањето го направиле со експериментални глувци. Тие биле поделени во четири групи: мирување без стрес, вежбање без стрес, вежбање со стрес и мирување со стрес. Глувците биле изложени на стресни ситуации за нив, како што се пливање во студена вода или одење по нерамна платформа и слично. Потоа, била извршена анализа за тоа како овие ситуации влијаеле на нивниот мозок.

Било утврдено дека глувците што вежбале имале добро паметење, како и оние што мирувале, а не биле под стрес. Кај оние што вежбале под стрес било забележано подобро однесување по вежбите, ама и подобрено помнење.

Истражувањето покажало дека вежбањето ги штити механизмите за учење и помнење од негативните влијанија на хроничниот стрес врз мозокот.

Scroll to Top