„Со вас споделивме добри вести и бевте со нас со сето срце, честитки и пораки. Благодарам за тоа. За жал, сега имаме лоши вести, но знаеме дека ќе ја имаме вашата поддршка и разбирање дека не сакаме да зборуваме за тоа.

На наша голема тага, Анастасија и јас го загубивме нашето бебе. Ова е болен момент за нас, но нашата љубов и ова ќе го надмине“, напиша фудбалерот на Севиља.

Веста го погоди целото семејство, а днес во фокус беше и Цеца, која дојде на снимањето на „Ѕвездите на гранд“, но во очи падна бојата на облеката. Обезбедувањето ја испрати пејачката од автомобилот до влезот на студиото каде набрзо започна и снимањето.