Цеца на тестирање, била во друштво со српска водителка позитивна на коронавирусот

Фолк -ѕвездата Цеца Ражњатовиќ е на тестирање за коронавирус, пренесуваат српските медиуми. Паниката е откако водителката Душица Јаковлевиќ била примена на Клиниката за инфективни болести и и било потврдено дека е позитивна на коронавирусот. Се зборува дека Цеца и нејзината ќерка биле пред четири дена заедно со Душица. Анастасија направила веќе тест кој е негативен, а сега резултатите ги чека и фолк ѕвездата. Пред три дена семејството беше во центрот на вниманието откако се породи снаата Богдана, а веќе вчера се пишуваше за тепачката на Вељко пред домот на Богдана, по што тој заврши во полиција.

Водителката на „Задруга„ позитивна на коронавирусот
Scroll to Top