Цеце од „Утринска на Телма“ чека второ дете, водителката е во осмиот месец од бременоста

Водителката на „Утринска на Телма“, Цеце Тодосовска е бремена. Таа го очекува своето второ дете, а веста ја сподели на социјалните мрежи. Цеце веќе го има синот Бодан кој пак вчера наполни две години. Водителката е во осмиот месец од бременоста и брои ситно до породувањето.

„Време е за бебе број 2. 30 недели бремена“, вели таа. Не е тајна дека Цеце и нејзиниот сопруг Стојан се љубители на природата па не ретко објавуваат фотографии од нивните прошетки, пешачења или обиколки со велосипед. Цеце долги години е дел од тимот на „Утринската на Телма“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cece T. (@cecetodosovska)

Scroll to Top