Балканските старлети најчесто одат на пластични операции во Турција. Тие најчесто одат кај ист, скап пластиченн хирург, но не затоа што е добар, туку заради можноста да не платат за операцијата, пишуваат регионалните медиуми.
„Тој е еден од најдобрите пластични хирурзи во Европа, а меѓу неговите пациенти се и балканските пејачи, актерки, старлети. Омилена меѓу нив, како што сака да каже самиот, му е Ана Кораќ. Не е тајна дека на неа направи најголем број корекции, од носот, преку очните капаци, очите, јаготките, усните“, рекол добро информиран извор за „Ало“.
„Ана плати само за својата прва интервенција и тогаш му кажа дека е познат топ модел, но и дека е позната низ целиот свет, а и дека има голем број следбеници на социјалните мрежи. Па докторот сфатил дека е подобро да склучи некаков договор со неа и да соработуваат во иднина, што значи дека Ана веќе не плаќа за интервенциите, а за возврат го рекламира на својот инстаграм-профил“, додал изворот.
Меѓу последните што ги користеле услугите на истиот доктор е и старлетата Станија Добројевиќ. Таа ги среди образите, исто така за компензација.
„Станија е позната по тоа што зема пари од постови на Инстаграм, но и дека на тој начин се снабдува со се што може без да плати“, вели истиот извор.
И турскиот хирург неодамна објави слика на Станија на својот инстаграм-профил, и објасни што ѝ направил на лицето.
Инаку, цените на турскиот доктор се вртоглаво големи. Подмладување и затегнување на лицето се движи од 3.000 до 3.500 евра, интервенцијата трае околу еден час, а закрепнувањето околу две недели. Мачкасти очи, интервенција која трае околу 40 минути, а закрепнувањето околу десет дена чини околу 2.500 евра. Ботоксот (само за челото) чини околу 200-300 евра, а ефектот е видлив по 2-3 дена. Операцијата за нос (бебешки нос) трае околу еден час, закрепнување од една недела до две, а цената е 3.500-4000 евра.