Турски доктор бесплатно оперира балкански старлети за да го рекламираат

Балканските старлети најчесто одат на пластични операции во Турција. Тие најчесто одат кај ист, скап пластиченн хирург, но не затоа што е добар, туку заради можноста да не платат за операцијата, пишуваат регионалните медиуми.

„Тој е еден од најдобрите пластични хирурзи во Европа, а меѓу неговите пациенти се и балканските пејачи, актерки, старлети. Омилена меѓу нив, како што сака да каже самиот, му е Ана Кораќ. Не е тајна дека на неа направи најголем број корекции, од носот, преку очните капаци, очите, јаготките, усните“, рекол добро информиран извор за „Ало“.

„Ана плати само за својата прва интервенција и тогаш му кажа дека е познат топ модел, но и дека е позната низ целиот свет, а и дека има голем број следбеници на социјалните мрежи. Па докторот сфатил дека е подобро да склучи некаков договор со неа и да соработуваат во иднина, што значи дека Ана веќе не плаќа за интервенциите, а за возврат го рекламира на својот инстаграм-профил“, додал изворот.

Меѓу последните што ги користеле услугите на истиот доктор е и старлетата Станија Добројевиќ. Таа ги среди образите, исто така за компензација.

„Станија е позната по тоа што зема пари од постови на Инстаграм, но и дека на тој начин се снабдува со се што може без да плати“, вели истиот извор.

И турскиот хирург неодамна објави слика на Станија на својот инстаграм-профил, и објасни што ѝ направил на лицето.

Инаку, цените на турскиот доктор се вртоглаво големи. Подмладување и затегнување на лицето се движи од 3.000 до 3.500 евра, интервенцијата трае околу еден час, а закрепнувањето околу две недели. Мачкасти очи, интервенција која трае околу 40 минути, а закрепнувањето околу десет дена чини околу 2.500 евра. Ботоксот (само за челото) чини околу 200-300 евра, а ефектот е видлив по 2-3 дена. Операцијата за нос (бебешки нос) трае околу еден час, закрепнување од една недела до две, а цената е 3.500-4000 евра.

Scroll to Top