Турскиот репрезентативец Мерих Демирал стави неколку од своите највредни дресови на хуманитарна аукција, а парите ќе ги донира за настраданите од земјотресот. Демирел, кој одамна игра во Италија, веќе донираше 50 илјади евра.
Фудбалерот, кој игра за Аталанта од Бергамо, ги продава дресовите што ги носеле Роналдо, Дибала, Бонучи и многу други ѕвезди. Дел од нив се и со потпис од славните играчи, поради што нивната сцена е уште поголема.
Демирал (24) кој е роден во турскиот град Карамурсел, првпат заиграл фудбал во клубот Идманјурдуспор. Откако ловците на таленти на Фенербахче го препознале неговиот талент, тој во 2011 се преселил во Истанбул. Во 2016 година потпишал за португалскиот клуб Алканенсе, од каде го купиле Спортинг Б. Во 2018 се врати во Турција каде беше позајмен во Аланијаспор, а потоа се пресели во Италија и играше Јувентус. Клубот го откупи неговиот договор, но Демирал од 2019 до 2022 година за бјанконерите одигра само 21 натпревар и даде еден гол бидејќи имаше тешката повреда кога скина лигаменти на коленото.
Турскиот фудбалер сега е на позајмица во Аталанта, се врати во форма и сега редовно игра за тимот од Бергамо.