Бившите љубовни партнери Рене Зелвегер и Бредли Купер го повторија моментот кој медиумите го нарекоа „Бред Пит и Џенифер Анистон“, и тоа на годишеното доделување на „оскарите“.
Рене ја освои златната статуетка за главна женска улога за филмот „Џуди“, а Бедли Купер е еден од продуцентитте на наградениот „Џокер“.
Блиска средба помеѓу поранешни партнери, со краток разговор, погледи во очи и насмевка – сосема доволно за да станат главна тема на настанот. Актерите започнаа врска во 2009 и раскинаа 2 години потоа.